Скопје, 5 март 2026 година – По светската премиера, „Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) денес ја претстави Galaxy S26 серијата и на Македонскиот пазар. На настанот кој се одржа денес во „Ботаника“, претставниците од медиуми и деловните партнери на Компанијата се уверија дека најновите Galaxy S26, S26+ и S26 Ultra уреди се поддржани од најинтуитивното, проактивното и прилагодливо Galaxy AI искуство и се дизајнирани за да ги поедностават задачите кои луѓето секојдневно ги извршуваат на своите телефони.
Официјалната продажба на уредите во Македонија ќе започне на 11 март. До тогаш, сите заинтересирани ќе може да ги нарачаат најновите „Samsung“ уреди кај Операторите и малопродажните Партнери и да искористат ексклузивна поволност: да добијат модел со меморија од 512GB по цена на модел со меморија од 256 GB.
Како трета генерација на „Samsung“ паметни телефони со вештачка интелигенција, серијата Galaxy S26 е дизајнирана со една единствена филозофија: технологијата треба да се повлече во позадина, а корисникот да остане во центарот на вниманието. Од менаџирање на густите распореди до совршено уредување на дигиталните содржини, Galaxy S26 го намалува бројот на чекори потребни за секоја задача. Наместо корисникот да се занимава со тоа „како“ функционира телефонот, Galaxy AI овозможува фокус на она „што“ сака корисникот да постигне.

Најмоќниот модел во серијата, Galaxy S26 Ultra, воведува индустриски пресвртници во две клучни категории:
- Privacy Display: Првиот во светот вграден екран за приватност кој ја заштитува содржината од странични погледи на ниво на пиксел, зачувувајќи ја притоа врвната осветленост и јасност за корисникот.
- Бескомпромисни перформанси: Опремен со приспособената платформа Snapdragon® 8 Elite Gen 5 за Galaxy, Galaxy S26 Ultra нуди значителни подобрувања кај CPU (19%), NPU (39%) и GPU (24%) перформансите, поддржани од редизајнирана Vapor Chamber комора за ладење, со цел оптимално термално управување.
Системот на камери кај серијата Galaxy S26 е оптимизиран за интуитивна интеракција. Со зголемени отвори на објективот кои пропуштаат до 47% повеќе светлина и воведувањето на професионалниот APV видео кодек, уредите нудат квалитет без визуелни загуби. Креативниот процес е дополнително олеснет со функциите Creative Studio и Photo Assist, во чии рамки корисниците можат да вршат комплексни измени на фотографиите преку едноставни описни команди.

Целосниот екосистем е заокружен со новите Galaxy Buds4 и Galaxy Buds4 Pro, кои овозможуваат напредна контрола преку движења на главата и гласовна активација на агентите со вештачка интелигенција, обезбедувајќи продуктивност дури и кога мобилниот уред не е физички достапен.
„Samsung“ продолжува да вложува во заштитата на корисничките податоци преку Knox Matrix и пост-квантна криптографија (PQC), кои го зајакнуваат интегритетот на системот. Дополнителен бенефит кој доаѓа со серијата Galaxy S26 се седум години безбедносни надградби, што обезбедува долговечност и сигурност за своите корисници.
Galaxy S26 Ultra, S26+ и S26 се достапни за нарачка во Македонија, а корисниците може да одберат модел во виолетова, бела, црна и небесно сина боја.
За сите информации и детали за новата Galaxy S26 серија, посетете ја страницата: www.samsung.com/mk.









































