После првиот лет на Blue Origin, на кој летаа основачот Џеф Безос и неговиот брат, па вториот на кој леташе познатиот Вилиам Шатнер, од оваа приватна вселенска компанија го направија и својот трет успешен лет со екипаж.

Третиот лет со екипаж и е вкупно шестиот лет за оваа година на Blue Origin со нивната New Shepard ракета која ја носи капсулата со луѓе до работ на вселената, по што слетува назад, а капсулата со помош на падобранци ги спушта безбедно астронаутите.

Овој лет не останува покусо кога е во прашање популарноста на патниците, па така дел од летот беше најстарата ќерка на првиот Американец кој има летано во вселената во 1961, Алан Шепард. Неговата ќерка, Лора Шепард Чурчли, беше дел од овој пат шест член екипаж, нешто што е исто така првпат за Blue Origin.

Како што беше случајот и со претходните летови на Blue Origin, летањето се прави до работ на вселената, односно до нешто над 100 километри. Оваа висина се смета како границата од каде официјално почнува вселената.

Целата мисија трае околу 10 минути, а веднаш по постигнувањето на висината, капсулата се враќа назад на Земјата.

Ова можеби не е мисија на ниво на SpaceX, но сепак им овозможува на луѓето кратко да почувствуваат како е во скоро бестежинската состојба, а и да го погледнат уникатниот поглед кон Земјата.

Лора Шепард беше еден од двата патници кои немаат платено за летот, а вториот е Мајкл Страхан, фудбалер од САД. Останатите четири патници се дел од тие кои плаќаат за задоволството, но нема информации колку ги чини тоа.

ИЗВОРThe Guardian
Претходна статијаРасте бројот на онлајн купувачи, а двојно повеќе се користи и е-банкарството
Следна статијаNetflix пушти посебна веб страна за повеќе информации поврзани со филмовите и сериите на сервисот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.