DaySix-A003-1

Млади и ентузијастички настроени претприемачи од повеќе држави беа дел од StartQube, каде имаа уникатна можност да ги развиваат нивните идеи и да добијат корисни совети и коментари од искусните ментори. На настанот се среќаваа учесници од Македонија, Словенија, Албанија, Бугарија, Италија, Хрватска, Холандија, Велика Британија, Азербејџан, Гана и САД. StartQube траеше од 1ви до 6ти септември, а се одржа на прекрасна локација, Велестово во Охрид.

Неформални работилици, практични вежби, кафе-муабети, спорт, вмрежување, планинарење и лекции во природа, беа само дел од активностите на агендата на StartQube. Сите овие и многу други, беа реалзирани под водство на присутните ментори, кои живееја заедно со учесниците на Велестово и имаа можност да разменат блиски контакти. Ексклузивно, на StartQube како онлајн ментор се појави и Мајк Бачер, уредник во TechCrunch и еден од 5-те највлијателни луѓе во технолошкиот и стартап светот во Европа. Мајк даде вредни совети за тоа како нашите стартапи да развијат новости кои можат да им гарантираат место во светските медиуми како што е TechCrunch.

Впечатоците од настанот се одлични, учесниците велат дека настанот многу им помогнал во остварувањето на нивните намери и дефинирањето на нивните цели. Задоволни се и од пристапот на менторите и блискоста која имаа можност да ја остварат. Ретко постојат вакви настани каде не се поставува „ѕид“ помеѓу менторите и учесниците.

Од друга страна пак, менторите велат дека се многу задоволни од можноста истовремено и да се одморат, но и да работат, на така убава локација. За учеснците велат дека е многу интересно за нив тоа што се толку млади (во просек 22 годишна возраст), а сепак имаат изградено свои ставови и точно знаат што сакаат. Менторите од StartQube изразуваат желба и подготвеност и понатаму да продолжат да им помагаат на нашите млади претприемачи и да ги одржат контактите со сите нив.

За организаторите на настанот, ова значеше отворање на многу врати и простор за понатамошни активности. Благодарни се до сите кои на било кој начин се вклучија со поддршка на настанот, а за во иднина најавуваат дека може да очекуваме само подобри верзии од него. Велат дека им беше предизвик да се организира целиот камп на ваков несекојдневен начин, и да се контактира со сите ментори со цел да дојдат во Македонија на StartQube. Од остварените контакти веќе произлегоа некои натамошни соработки кои наскоро ќе бидат најавени.

StartQube заврши од каде и што почна – центарот на Охрид, но овој пат со предизвик: секој учесник имаше задача да најде прв случаен потрошувач/купувач за предмет кој му беше даден. Целта беше учсниците да излезат од својата комфорна зона и да се обидат да продадат нешто на случаен странец. Од друга страна, преку овој предизвк тие можеа на лице место да ги извежбаат и употребат научените вештини од кампот. Настанот заврши со порака, „до следно видување“, што значи дека би требало да очекуваме и следни активности од организаторите.

ЕКСКЛУЗИВНА ИЗЈАВА НА МАЈК БАЧЕР

„Добро е да се види иницијатива како StartQube во Македонија. Настаните и конференциите имаат способност да постават нови претприемачи од одредена земја на технолошката индустриска „мапа“, и да обезбедат можност за инвститорите и медиумите да се запознаат и да стапат во интеракција со компаниите на брз, ефикасен начин. Фактот дека настанот е поставен на таква убава локација многу помага! Се повеќе, европските претприемачи го користат летото за да учат и да се едуцираат, како и да се релаксираат. Па така, одлично е да се види StartQube како се вклучува кон пошироката европска технолошка заедница!“, изјави Мајк во врска со иницијативата на StartQube и влијанието што ваквите настани го имаат.

“It’s good to see an initiative like StartQube appear in Macedonia. Events and conferences have the ability to put new entrepreneurs from a particular country on the technology industry “map”, and provide a way for investors and the media to meet and interact with companies in a quick, efficient manner. The fact that it’s set in such a beautiful location helps! Increasingly, European entrepreneurs are using the Summer to learn and educate themselves, as well as to relax. So it’s great to see StartQube join the wider European tech community!“ (изјавата на Мајк Бачер во извона форма на англиски јазик).

Претходна статијаHaier претстави иновативен и потенцијално револуционерен систем за ладење
Следна статијаAndroid Lollipop го користат петина од корисниците