Volvo Cars најави дека тие се целосно посветени на брзо растечкиот пазар на електрични возила и дека планираат да станат лидер на овој пазар. Планот е да до 2030 година овој производител продава само електрични возила, со што ќе престане да ги има во својата понуда бензинските, па и хибридните модели.

До 2025 година Volvo планира да половината од понудата биде со електрични модели, додека останатите да бидат хибридни.

Интересно, тие најавија и дека продажбата на електричните автомобили, кои ќе бидат единствени во понудата до 2030, ќе се продаваат само онлајн преку нивната страна. Тоа значи дека тие веќе нема да ги нудат своите автомобили преку дилерите, а купувачите покрај онлајн, ќе можат да ги разгледуваат и пробуваат моделите на посебни настани, како и салони од компанијата.

„За да останеме успешни, потребен ни е профитабилен раст. Затоа, наместо да инвестираме во бизнис кој се намалува, ние бираме да инвестираме во иднината – електрична и онлајн. Ние сме целосно фокусирани кон станувањето лидер на брзо растечкиот премиум електричен сегмент“. – истакна Хакан Самјуелсон извршниот директор на Volvo Cars.

Од компанијата исто така најавија дека подоцна во денот планираат да го претстават својот втор целосно електричен модел од серијата 40.

Volvo не може да се каже дека се нешто посебни со најавата на овој план. Повеќето производители веќе најавуваат исти или слични планови, па на крај само ќе има разлика во тоа кој побрзо ќе ја постигне својата трансформација кон целосно електрични автомобили.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Volvo
Претходна статијаHuawei го објави решението за мрежи со нулта емисија на јаглерод, помагајќи им на операторите да постигнат јаглеродна неутралност
Следна статијаC SEED M1 е 165 инчен MicroLED телевизор кој се склопува во подот и чини 400.000 долари
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.