Разговорите во WhatsApp сега може директно да се префрлат од еден на друг телефон, без потреба од користење на „облакот“ како што беше случајот досега. За оваа новина можевме да прочитаме во мај оваа година, а сега беше официјално најавена од страна на Марк Закерберг.
Предноста на овој начин на префрлување на разговорите е што веќе нема да мора да се прави бекап на Google Drive или Apple iCloud. Ова овозможува подобра приватност за корисниците, но и доста поголема брзина на трансфер, како и заштеда на просторот на овие сервиси, доколку се користи бесплатната верзија.
За жал, директното префрлување на разговорите може да се направи само помеѓу уреди кои го користат истиот оперативен систем, односно од Android на Android и од iOS на iOS.
За време на префрлувањето податоците се заштитени со шифрирање, што значи дека нема шанса некој да ја пресретне комуникацијата, иако ризикот од такво нешто не е голем генерално.