htc-powerof10

Преку својот турски YouTube канал (HTC Türkiye) HTC почнува да го најавува претставувањето на нивниот очекуван знаменосец HTC One M10. Овој телефон е можеби една од последните надежи за компанијата за враќање на популарноста на нивните производи, нешто што значително е во пад изминатата година и повеќе.

Од видеото не може да се види ништо конкретно за самиот уред, а истото е наменето да покаже колку од компанијата се трудат во развојот на нивниот нов модел. Пораката во видеото која ја пренесуваат од HTC е следната:

Што правиме ? Ние сме во нашата лабораторија, во нашето катче, работиме нонстоп. Не затоа што мораме. Затоа што сакаме. Уште сме станати кога би требало да спиеме. Се’ уште наоѓајќи начини да го направиме вашиот телефон уште подобар. Толку многу ги сакаме овие работи. Признаваме, ние сме опседнати, но на добар начин. Ќе видите.

Дознајте за што сме опседнати. Кога ? Уште не знаеме, но се надеваме некаде оваа пролет.

Ова видео е најава дека HTC ќе бидат активни во промоцијата на нивниот најнов телефон, ќе се обидат да направат „фама“ како што порано беше нормално при преставување на нови модели. Како што кажуваат и тие, ќе дознаеме повеќе оваа пролет, а сигурно и порано од неофицијални извори.

За следење на официјалните информации од компанијата за One M10-ката креиран е посебен хаштаг со името #powerof10.

Извор: YouTube

Претходна статијаНеофицијална листа за надградба на Samsung моделите на Anroid 6.0 Marshmallow
Следна статијаiPhone 7 ќе има три различни верзии – обичен 7, 7 Plus и 7 Pro?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.