Xiaomi-Mi-4-vs-OnePlus-One-vs-Huawei-Honor-6 copy

Пет години неприкосновениот Xiaomi, кој на кинескиот пазар беше апсолутен број еден, оваа година падна зад најголемиот ривал Huawei, кој имаше страшно голем раст во продажбата, а особено на кинескиот пазар.

Во бројки, продажбата на телефоните на Huawei на кинескиот пазар порасна за феноменални 81%, додека продажбата на телефоните на Xiaomi забележа благ пад, што беше доволно за да паднат на второто место. Иако овие претурбации се однесуваат на кинескиот пазар на телефони, со сигурност ќе се пренесат и на бројките од продажбата на светскиот пазар.

Понудата на телефони на двата производители е малку различна, но сепак во основата е да понудат телефони со високи перформанси, но пониска цена од таа на светски етаблираните конкуренти. Разликата е што Xiaomi најчесто се рекламира и ги продава телефоните онлајн, додека Huawei тоа го прави на покласичен начин.

На светскиот пазар Huawei има уште покомфорно водство од Xiaomi, бидејќи има договори со операторите, каде може да го нуди своите телефони и по поповолни цени. Од останатите кинески производители, само уште Lenovo има позначителен настап на светскиот пазар и тука се наоѓа веднаш зад своите сонародници. Сепак, тука неприкосновени се Samsung и Apple, кои веќе неколку години се број еден и број два на пазарот.

Извор: Android Central, GSM Arena

Претходна статијаFacebook воведе пребарување на сите јавни објави на социјалната мрежа
Следна статијаАвтопилотот на Tesla се’ уште „климав“