
LG V20 ќе се вика овогодинешниот наследник на V10 моделот од компанијата кој беше претставен лани. Главните карактеристики на V10, покрај одличната изработка и перформанси, беа вклучувањето на втор помал екран за прикажување на информации, како и двојни селфи камери.
Повеќе информации за тоа какви карактеристики ќе има неговиот наследник, односно најавениот V20, нема, но тоа е зошто моментално главната карактеристика со која се рекламира овој уред е новата верзија од Android, Nougat.
За разлика од досегашната практика да Nexus моделите се првите кои работат на најновата верзија од Android оперативниот систем, оваа година таа чест ќе ја има LG. Со тоа тие ќе се обидат да привлечат повеќе корисници кои сакаат што побрзо да имаат уред со најновото од Android.
Претставувањето на LG V20 треба да биде во септември, меѓутоа и за тоа нема се’ уште поточна дата. На Twitter од компанијата се истакнува дека уредот ќе биде наскоро претставен, меѓутоа тие исто така за некои од американските портали имаат потврдено дека тоа ќе биде во септември.
We’ve got a big treat for you… #LGV20 with @Android Nougat is coming soon! https://t.co/3CW8th3M9Hhttps://t.co/tOSsRzU5k7
— LG USA Mobile (@LGUSAMobile) August 1, 2016