Кинескиот Oppo веќе неколку години важи за производител кој има прилично квалитетни паметни телефони, а најпопуларен е секако моделот F1, кој е насочен кон селфи ентузијастите. Моделот помина одлично на пазарот, што е причина повеќе за освежениот модел F1s, кој ќе биде претставен на 3 август.
Засега нема информација за тоа какви подобрувања ќе добие новиот модел. Актуелниот F1 (на фотографијата подолу) е прилично способен 5 инчен паметен телефон, со HD дисплеј, Snapdragon 616 процесор, 3 GB рам и 16 GB простор со micro SD слот, како и батерија од 2.500 mAh. Задната камера кај овој модел има 13 мегапиксели, но главниот адут е предната камера со 8 мегапиксели, распределени на прилично голем сензор од 1/4″ и со брза f2.0 бленда.
Бидејќи новиот модел ќе биде само делумно освежување, не очекувајте преголеми промени – најголемо подобрување се очекува да добие предната камера, веројатно со повеќе мегапиксели и можеби и LED блиц за ноќните селфија (претпоставка дека ќе има 16 мегапиксели како F1 Plus моделот), додека процесорот би можел да биде надграден на малку помоќен од серијата “600” на Qualcomm. Дизајнот се сомневам дека ќе биде променет, што и не е лоша работа – Oppo F1 и натаму изгледа атрактивно.
Oppo F1s сигурно ќе има и понова Android Marshmallow верзија – актуелниот F1 сѐ уште се испорачува со застарениот Lollipop 5.1.
Извор: Android Central, GSMArena