galaxy-s7-metallic-body

Според нови информации од најпознатиот „протекувач“ на нови уреди @evleaks, Galaxy S7 ќе доаѓа во четири различни варијанти, нешто во кое, со оглед на изворот, можеме да бидеме скоро 100% сигурни.

Покрај тоа, ваквиот потег е и очекуван – денес Samsung има три уреди кои се базираат на S6 – Galaxy S6, Galaxy S6 Edge и Galaxy S6 Edge plus. Веројатно погодувате, тука фали “Plus” верзија на обичниот Galaxy S6, која би требало да ја видиме во наредната генерација.

Во превод, четирите нови модели ќе бидат: Galaxy S7, Galaxy S7 Plus, Galaxy S7 Edge и Galaxy S7 Edge Plus. Според претходни информации, помалите модели (без Plus во името) и натаму ќе имаат екрани со големина од 5,1 инчи, со таа разлика што моделот Edge ќе го има популарниот закривен дисплеј на страните.

“Plus” моделите од другата страна треба да имаат поголеми екрани, со големина од 5,5 до 5,7 инчи. Ова значи дека може опасно да навлезат во територијата на Galaxy Note, кој веројатно ќе се диференцира по тоа што ќе има дигитално пенкалце.

Новите Galaxy S7 модели треба да пристигнат на “Mobile World Congress” во Барселона во Февруари наредната година. Се очекува да го донесат најдоброто што Samsung може да го понуди во моментот, како новиот Exynos 8890 процесор (Snapdragon 820 во некои варијанти), со јадра целосно дизајнирани од Samsung, како и нова задна камера со нов сензор со 12 мегапиксели, кој и покрај помалиот број на пиксели, би требало да донесе скок во квалитетот на фотографиите. Секако, сите модели, како и досега, ќе имаат Super AMOLED екран.

Изработката на телефонот се очекува да биде од стакло и магнезиум, кој е поцврст метал од алуминиумот што се користи во Galaxy S6 серијата. Има голема можност Samsung да претстави и пандан на 3D Touch системот на Apple, како и да вгради посебен Hi-Fi чип за подобри аудио перформанси.

Очекувајте наредниве месец и пол да продолжат да се објавуваат информации за новата S7 линија, па затоа и следете не за да ги дознаете навремено и детално.

Извор: Ubergizmo, GSMArena, Forbes

Претходна статијаZackees LED Turn Signal – Ракавици за поголема безбедност на велосипедистите
Следна статијаКако би се изградила и колку би чинела изградба на „Ѕвезда на смртта“ од „Војна на ѕвездите“?