Lumia 950 XL е првиот телефон на светот со водено ладење, кој на лансирањето само со таа информација предизвика неколку подзинати усти, а сега него веројатно ќе го наследи новиот Galaxy S7, кој ќе има сличен начин на водено, односно ладење со помош на течност.
Ова не очекувајте да биде како во гејмерските компјутери – да има посебен ладилник каде ќе се лади течноста, туку ќе има тенки, плоснати цевки од бакар, кои само ќе ја распределуваат топлината од процесорот на поголема површина, со цел подобро и полесно да се дистрибуира.
Всушност, над процесорот би требало да е наоѓа испарувачот (испарувањето е процес на ладење), додека на другиот дел од системот се наоѓа кондензаторот (кондензација е процес на греење). Ваков систем веќе има покажано јапонскиот Fujitsu.

Системот работи пасивно, односно за него нема потреба од посебна енергија – течноста се движи со помош на топлината од процесорот. Ова значи дека системот нема да делува негативно на траењето на батеријата, а ќе може да ги одржи перформансите на процесорот на високо ниво подолг период.
Многумина ладењето веднаш ќе го поврзат со прегревање на чипот, како што е случај со Snapdragon 810 кој се вградува во погоре споменатата Lumia. Сепак, според инженер на Samsung, чипот нема да има проблеми со прегревање, односно ладењето ќе биде тука за процесорот да може да работи на високи фреквенции подолго време. Или пак да има со што да се пофали одделот за маркетинг.
Покрај воденото ладење, според протечени информации за телото на новиот Galaxy S7 Plus (од производител на футроли за Samsung), дисплејот на овој поголем модел ќе има дури 6 инчи, што е опасно навлегување во територијата на Note серијата. Обичната S7-ка и натаму би требала да има 5,1 инчен дисплеј.

Од овие слики се гледа дека и дизајнот нема да биде претерано променет, што е и нормално – S6 серијата и натаму е прилично допадлива и без проблем се издвојува од толпата. Единствена разлика ќе биде вградувањето на слотот за SIM картичка во долниот, наместо во горниот дел и во употребата на магнезиум, наместо алуминиум, за изработка на рамката – информации кои секако треба да се примат со задршка.
Извор: Geek, Techno Buffalo (1) (2)