galaxy_s5_expected_moveplayer

Иако остануваат уште само неколку денови до Unpacked5 настанот на Samsung на кој што се очекува да биде претставен Galaxy S5 моделот, шпекулациите и информациите поврзани со него не престануваат да се појавуваат на интернет. Веќе неколку пати се шпекулираше за можноста S5-ката да има QHD екран со резолуција од 2560 × 1440 и густина на пикселите од 560 ppi. Исто така имаше и информации кои ги демантираа претходните кои велеа дека сепак Samsung нема да користи QHD екран во новиот модел.

Денеска нови информации покажуваат дека Samsung има проблем да произведе доволна количина, но и квалитет на QHD екрани, па Galaxy S5 моделот ќе биде претставен со Full HD резолуција од 1920 x 1080 пиксели овој месец, односно со таков екран ќе почне да се продава идниот месец. Меѓутоа Samsung планира да претстави понов, односно таканаречен Premium модел од S5 само неколку месеци подоцна кој што ќе доаѓа со QHD екран.

Големината на екранот на S5-ката се очекува да биде 5,1 инчи или некаде во тие граници. Информациите доаѓаат од корејскиот портал etnews.com и се разбира не се потврдени.

Дали користите некој од мобилните на Samsung и дали чекате да биде претставен овој модел за да го смените вашиот моментален телефон ?

Претходна статијаBitTorrent Sync, ваш личен Dropbox
Следна статијаКонцепт на кориснички интерфејс за автомобилите, како тие треба да изгледаат
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.