shift5_1

Германски производител на мобилни телефони претстави нов паметен телефон кој што ќе биде од високата класа. Непознат на јавноста, овој производител ни го привлече вниманието поради тоа што телефонот ќе биде модуларен, а исто така ќе им нуди избор на корисниците дали сакаат да го купат со Windows 10 или со Android оперативен системи.

Моделот е наречен Shift5+ и ќе стане достапен за пред нарачка од декември по цена од 399 евра. Интересно, но и негативна страна е што корисниците кои што ќе го нарачаат телефонот ќе треба поприлично да причекаат додека почнат да го користат, затоа што се најавува почеток на достава дури во третата четвртина од идната година.

Shift5+ ќе им нуди можност на корисниците да ги менуваат некои од компонентите кои што доаѓаа со него, отстранувајќи ја потребата од купување на целосно нов телефон поради промена на меморијата, на пример. Од производителот истакнуваат дека корисниците ќе можат да го променат екранот, батеријата, но и други компоненти кои што не се уште потенцирани.

Инаку, финалните спецификации со кои што Shift5+ ќе почне да се продава уште не се финализирани. Истите ќе бидат официјално соопштени во декември кога корисниците ќе можат да почнат да го нарачуваат.

Сега се најавува вградување на четири или осум јадрен Snapdragon процесор, повеќе од 2 GB RAM меморија, 32 GB простор за складирање или повеќе, 5 инчен IPS екран, батерија од 2.500 до 3.000 mAh, како и задна и предна камера со 13 и 5 мегапиксели.

Проценката за што може да се очекува од производител кој што не е баш познат на повеќето корисници е тешка. Во денешно време технологијата е достапна, па не е потребно да се купи нешто од познат бренд за да се очекува сигурен квалитет.

Сепак, овој производител дефинитивно го привлекува вниманието влегувајќи на пазарот на модуларни телефони. Овој начин на понуда на телефоните и нивните компоненти посебно ќе биде можеби иднината на користењето на ваквите производи. Корисниците ќе ја купуваат потребната компонента наместо целосно нов телефон, барем додека не им здодее дизајнот, но и можноста за надградба на тој телефон, што сигурно ќе биде подолго од сегашниот период на застарување на еден модел.

Овој концепт на телефони го започна Motorola, по што проектот остана во Google по продавањето на компанијата. Сите сигурно имате прочитано или слушнато за Project Ara кој што се’ уште чекаме да се појави на пазарот.

Извор: Windows Central

Претходна статијаРастенијата можат да „слушнат“ кога некој ги јаде
Следна статијаSwiftKey 6 за Android воведува предвидување на наредните два збора
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.