Sony-Xperia-Z3-11-630x419

Протекоа првите фотографии од новиот знаменосец во Xperia серијата на Sony и според она што можеме да го видиме, преголеми промени во надворешниот дизајн нема да има. Затоа, во внатрешноста ќе работи најновиот процесор на Qualcomm, кој треба да биде најмоќен на пазарот, придружен со неколку други моќни компоненти.

Првите информации, велат дека четири јадрениот Snapdragon 820 ќе биде придружен од 4 GB рам меморија, што е на нивото на многу лаптопи денес. Капацитетот на просторот за складирање податоци треба да биде 32 GB, со можност за проширување со micro SD картичка, додека батеријата ќе има монструозни 4500 mAh, што ќе биде веројатно доволно за три дена користење со едно полнење!

Големината на дисплејот веројатно и натаму ќе остане 5,2 инчи и ќе има Quad HD резолуција. Камерата, која отсекогаш била силна страна на Sony, ќе биде освежена со нов CMOS сензор со 20,7 мегапиксели со задно осветлување, кој треба да придонесе за многу поостри и почисти фотографии, особено во вечерни услови. Нормално, достапно ќе биде и снимање на Ultra HD видео.

Сите овие податоци делуваат навистина импресивно и се чини конечно ќе успеат да задржат еден модел од Z – серијата на Sony повеќе од 6 месеци на пазарот. Досега, јапонскиот производител, со ситни промени, ги лансираше најдобрите свои телефони премногу често, што ги збунуваше потрошувачите. Всушност, моментално, истиот модел се продава како Xperia Z4, Z3+ и Z4v на различни пазари низ светот.

Новиот модел, како што беше случај и претходно, ќе има и Compact верзија со помали димензии на дисплејот, но со неизменети останати компоненти, односно, чипсетот и батеријата ќе останат исти, но има најави и за Ultra верзија со поголем екран, која треба да му конкурира на Samsung Galaxy Note 5.

Единствено нејасни се информациите за тоа кога ќе биде лансиран новиот Xperia Z5, но слободна проценка е дека тоа ќе се случи кон крајот на оваа година.

Извор: Techno Buffalo

Претходна статијаConcept Kitchen 2025 – концепт на кујна на IKEA и промената на нашиот однос кон храната во иднината
Следна статијаСпоред нови пресметки, во вселената има многу помалку ѕвезди и галаксии отколку што се мислеше