Повеќето од вас се запознаени со интересната можност на Google Maps која овозможува поглед од ниво на улица на локацијата што ја разгледувате. Оваа можност е доста корисна кога сакате да разгледате некоја локација на која што не сте биле, а треба да одите, па многу полесно ќе можете да се снајдете или чисто од забава да разгледате некоја позната локација или град.
Street View погледот е составен од голем број на панорамски слики во висока резолуција кои што Google ги сликаат со познатото комбе на кое што се поставени камерите. Ова значи дека достапноста на Street View на одредени локации зависи од Google, односно дали имаат решено дека таа локација ќе биде опфатена во проектот.
Сега Google воведуваат нова можност на нивниот постоечки проект Google Views преку кој што до сега корисниците имаат можност да поставуваат јавно слики од одредени локации направени преку Google Spheres технологијата за креирање на панорамски слики. Поточно кога ќе направите одредена панорамска слика од одредена локација, покрај тоа што можете да ја објавите на Views сервисот, сега ќе можете да означите на мапата точно каде се сликани сликите, па по проверка од страна на Google тие слики да бидат додадени на Street View погледот за таа локација. Сликите можете да ги сликате со вашиот Android мобилен телефон со функцијата за панорамско сликање или со било кој друг D-SLR апарат.
Во продолжение можете да погледнете пример направен од корисникот Evan Rapoport направен од слики сликани со неговите Android мобилен телефон и D-SLR камера од одморот во Британија.