Viber е популарен сервис, познат на повеќето од вас, преку кој што можете да испраќате бесплатни пораки и да правите повици преку интернет, на други корисници на сервисот. Доаѓа во форма на апликација за повеќето мобилни оперативни системи, како и десктоп клиент за Windows, Linux и OS X. Она што го прави посебно интересен и корисен Viber е најавувањето на сервисот со вашиот телефонски број, па нема потреба од креирање на корисничко име и лозинка како на слични сервиси, како на пример Skype.
Од оваа недела Viber го проширува својот сервис и станува директна конкуренција на Skype со овозможување на повици и кон корисници кои што не користат Viber, односно на обични фиксни и мобилни телефонски броеви. Исто како и Skype ова ќе може да се прави преку купување на кредит, кои што потоа се троши за разговорите. Од Viber нагласуваат дека нивните цени се доста пониски од тие на Skype, но тоа сепак зависи од земјата која ја повикувате и видот на телефонски број, односно мобилен или фиксен. Овој сервис е наречен Viber Out. На сликата подолу можете да погледнете споредбена табела на цените за неколку од земјите што може да ги повикувате преку Viber и Skype.
Затоа што на Viber се најавувате со вашиот мобилен телефонски број, кога ќе повикувате некои од фиксните или мобилни броеви, на нивниот идентификатор ќе биде прикажан вашиот број, исто како да им се јавувате преку GSM мрежата.
Viber Out на почеток е достапен на iOS, Anroid и десктоп клиентите, а најавено е набрзо пуштање и на Windows Phone.