N5-hero-1600

Имам чувство дека, особено во Македонија, потиснати од политичко-економските проблеми, не можеме да осетиме всушност во колку возбудливо време живееме. Ова пак води кон недоволно користење на потенцијалот на она што ни е достапно (воглавно благодарение на глобалната пазарна економија). Пред се тука мислам на „паметните телефони“.

Прво, имате ли добар „паметен телефон“? Ако не, за почеток, консултирајте ја листата на најдобрите „паметни телефони“ на Business Insider. Мој личен избор е, особено имајќи го предвид ограничениот буџет на просечниот македонец, Nexus 5 (300 евра од мобилара, што најверојатно е најдобриот „дил“ квалитет/цена што можеш да го добиеш за нов телефон).

Ако имаш добар паметен телефон, „либертаријанизирај го“! Што значи ова? Ова значи дека треба да научиме како да го користиме потенцијалот на „паметните телефони“ за создавање послободно општество, со активно граѓанство и одговорна Држава. Еве што содржи мојот телефон:

  1. Facebook. Да, да, знам, кој нема FB така?! Плус, најчесто FB се кажува како причина која ни одвлекува премногу внимание од „важните работи“, но потенцијалот на FB за „либертаријанизација“ е одличен доколку знаеме да го користиме. За почеток, стани дел од групите кои се политички активни и кои поддржуваат лични и економски слободи (пр. фан страната на ЛК Атлас). Следи ги претприемачите и иноваторите како Elon Musk, Richard Branson или пак Peter Thiel. Чисто за инспирација. Додај по некој политичар од типот на Ron и/или Rand Paul. Биди „фан“ на новите старт-апи од кои извира иновативност, енергија и модерност, како што се Uber, Lyft или пак AirBnB. Потенцијалот на FB е неограничен;
  2. Зајакни го FB со Tinfoil. Колку и да е FB добра алатка за „либертаријанизација“, и колку и да немате што да скриете, приватноста е нешто што си е наше и треба да си го штитиме. Со Tinfoil (ви текнува на филмот Signs со Mel Gibson кога ќе си ставаат фолии на глава за вонземјаните да не им ги читаат мислите!?) работењето на FB е во еден вид „карантин“, изолирајќи го вашето работење од „колачиња“ и намалувајќи ја воопшто можноста на FB да ве следи. Фино така?;
  3. Cato Institute и Liberty Portal. Моите омилени апликации за читање студии, анализи и мислења кои промовираат лични слободи, претприемаштво и ограничено владеење од оние „одозгора“. Cato е еден од највлијателните институти во САД, додека пак во Liberty Portal се собрани едни од најкреативните модерни мислители и активисти. Навистина можеме да научиме нешто од овие луѓе;
  4. Buycott (vote with your wallet). Искрено, Buycott ми е симната од неодамна и незнам колку е функционална во Македонија, но идејата е одлична. Имено, одите во продавница да купите Милка, го скенирате баркодот на чоколадото и апликацијата ви кажува дали производот и фирмата се коси со одредени принципи кои сте и кажале на апликацијата дека ги поддржувате. На пример, креирање кампања „не за корпорациско лобирање“ каде што ги наведувате сите компании кои финансираат политички партии кои промовираат идеологии и политики кои не ви се прифатливи. Ако ја поддржите кампањата, кога ќе одите во продавница и скенирате одреден производ може да ви каже дека е на фирма која донира на политичка партија од кампањата и да одлучите да го купите производот од неговиот конкурент. Пазарот испраќа политичка порака (ќе ми верувате ако ви кажам дека ја имав истава идеја пред две години!?);
  5. Congress. Оваа апликација е исклучок од листата. Имено, Congress е добра американска апликација која ви овозможува будно да ги следите вашите претставници во законодавниот дом (како гласаат, кои аргументи ги користеле за да ги оправдаат своите ставови, за кои закони ќе се гласа во блиска иднина, што се дискутира во моментов, дури па и да ги повикате на мобилен вашите претставници). Зошто немаме вакво нешто во Македонија?.

 

Имате вие некои интересни предлози?

Претходна статијаJolla таблет – конкурент на Андроид таблетите бара поддршка преку Indiegogo
Следна статијаViber Public Chats: Дали Viber сака да стане и социјална мрежа