Повеќе пати сме пишувале за ефектот на технолошкиот напредок и како истиот ќе предизвика отпуштање на бројни работници во сектори кои можат да бидат автоматизирани. Светот се плаши од експлозивниот развој на вештачката интелигенција, а многумина веруваат дека роботите ќе ни ги украдат работите во блиската иднина. Прашање е само на време кога низа на работни позиции ќе бидат заменети со автоматизирани ентитети, кои побрзо, поефикасно и поефтино ќе ги завршуваат истите работни задачи.

Најранливи се работните места кои вклучуваат “рутински и повторливи задачи”, во кои се вбројуваат и приправничките работи. The Estrin Report пишува дека приправниците не можат да сторат многу за да го сопрат овој феномен, освен нели, да пронајдат нова кариера, или пак да напредуваат во таа во која се наоѓаат. Написот понатаму нуди совети за тоа како најдобро да се развијат вештини за подготовка на студентите во наптреварот со ВИ-адвокати. Како овие вработени да останат конкурентни во професија која ќе биде „киднапирана“ од машини?

Стани технолошки wiz во твојата професија. Софтверски програми секојдневно се појавуваат и си заминуваат и се ажурираат често. Да се биде wiz значи дека секој ден си на готово во однос на најновите трендови и програми.

Cross-training е уште еден начин на кој можеш да ја зголемиш својата вредност. Можеби си најдобриот приправник во одделот за недвижности, но ако целиот оддел е пред отпуштање, тоа е неважно. Но, ако истовремено си добар во парничење, тогаш може да се најдеш прераспределен во тој оддел. Ако не, тогаш барем знаеш зошто.

Дали има апликација за тоа?

Shake е апликација што создава темплејти за договори за рутински работи, како non-disclosure, договори за независни изведувачи, и многу други, сето тоа на вашиот iPhone или iPad или Android уред. Извршниот директор на компанијата тврди дека од појавувањето на апликацијата, преку нејзината употреба веќе се потпишани договори во вредност од 1 милион долари. Приправниците и адвокатите мака мачат да изработат квалитетен договор, кој по безброј ревизии конечно ќе изгледа совршено. Сега целиот тој процес може да биде завршен со инсталирање на една апликација.

Компјутерската моќ да не замени нас луѓето во завршувањето на секојдневните задачи, беше демонстрирана во 2011 година, кога Ватсон, компјутерот на ИБМ го победи човечкиот наптреварувач од другата страна во популарниот квиз натпревар „Jeopardy”. Но тој натпревар беше само показател за тоа што следи. Ватсон беше способен да донесува заклучоци извлечени во контекст на употребената јазична терминологија. Ватсон, и другите компјутери во неговата серија ќе стануваат само подобри, и помоќни.

Од година во година компјутерскиот софтвер и низа други машини стануваат се пософистицирани, моќни и способни да ги вршат поефикасно задачите кои луѓето отсекогаш ги вршеле. Повеќето од нас не се подготвени за брзите промени кои веќе надоаѓаат. Авторите на научна фантастика одамна предупредуваат на иднината во која ние сме архитектите на она што ќе не направи непотребни за општеството. Нивната проекција полека, но сигурно станува реалност.

Претходна статијаGoogle воведува грејс период на рокот од 90 дена за објавување на сигурносни пропусти од Project Zero
Следна статијаSony започна да прима нарачки за нивните SmartEyeGlass очила