wwdc15-hero

Apple денеска го најави одржување на годинешната 26-та по ред WWDC (Word Wide Developer Conference) конференција. Истата ќе почне на 8-ми Јуни и ќе трае до 12-ти Јуни, а ќе се одржува во Moscone West центарот во Сан Франциско.

На конференцијата се најавува да се говори за иднината на двата оперативни систем од компанијата, односно за натамошниот развој на iOS и OS X. Исто така, од Apple најавуваат дека настанот ќе вклучува повеќе од 100 технички презентации од страна на инженери од компанијата, повеќе од 1000 Apple инженери, пристап до најновите иновации, функции и можности на оперативните систем и многу повеќе.

На минатогодишната конференција Apple ја претстави најновата верзија од iOS, односно iOS 8, па оваа година може да се очекува да се говори за наредните верзии. Според некои може да се очекува претставување барем на основни информации за тоа што може да се очекува од iOS 9, како и OS X 10.11.

Извор: Apple

Претходна статијаGoogle работи на подобрување на батериската технологија
Следна статијаProject Maelstrom – достапен во јавна бета верзија за Windows
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.