313px-Nokia_wordmark

По веста дека Microsoft го продаде остатокот од Nokia бизнисот, освен Lumia делот, на подружница на Foxconn, како и новоформираната Финска компанија HMD Global Oy, Nokia најави враќање на нивниот бренд на пазарот на смартфони и таблет компјутери.

Точно кога може да ги очекуваме првите уреди не е познато, меѓутоа нешто што веќе одреден период се најавува како можност, гледаме дека дефинитивно ќе се случи.

Брендот Nokia е премногу познат за да не се искористи тоа за претставување на нови уреди. Се разбира уредите ќе работат на Android, па може да се очекува овој бренд многу брзо да ги стигне продажбите на моментално најдобрите како Samsung и слично.

Инаку, дизајнирањето, производството на уреди ќе се прави од страна на новите компании, односно нема да го прави директно Nokia. Тие како што правеа и досега, ќе го лиценцираат користењето на брендот, како и на другите поврзани работи.

Nokia исто така ќе има удел и свој претставник во компаниите, со што ќе има директна контрола над развојот на уредите, односно нивниот правец.

Уште кога Microsoft направи договор Nokia да работи ексклузивно на развој на Windows Phone уреди, немаше некој којшто не препорачуваше дека компанијата требаше да се реши за Android. Дефинитивно пазарот ќе изгледаше различно доколку тоа се случеше тогаш.

Извор: Nokia, HMD, The Verge, TNW

Претходна статијаLenovo Moto G4 и G4 Plus имаат 5,5 инчни дисплеи со Full HD резолуција, солидни перформанси и ниска цена
Следна статијаSamsung патентира паметен часовник кој ја проектира сликата на вашата дланка
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.