Идејата за изградба на ново седиште на компанијата не е нова, истата е започната уште во времето на Steve Jobs. Веќе се видени неколку слики од дизајнот на заградата, која ќе наликува на летачка чинија, како што повеќето сакаат да ја нарекуваат. Проектот за новата градба наречен Apple Campus2 е одобрен минатиот месец од страна на градските власти.
Новото седиште треба да се гради во Cupertino, градот каде што и моментално се сместени Apple. Истото ќе биде на површина од 71,22 хектари или 712.250 метри квадратни. Планот е градата да функционира целосно на обновлива енергија, користејќи енергија најмногу од ќелии за гориво лоцирани на имотот, како и соларни панели на крововите. Градбата исто така ќе биде направена да има природна вентилација, па за истата нема да има потреба од користење на системи за контрола на климата во 70% од годината. Во новото седиште треба да бидат сместени сите 13.000 вработени. Седиштето ќе располага со огромни подземни паркинзи, локални автобуски линии, посебна зграда за одделот за истражување и развој, место за одржување на презентации, место за медиуми… Интересно е што целата локација ќе биде пошумена како дел од планот да биде во рамките на еколошките стандарди.
Во продолжение може да ги погледнете сликите и видеото од плановите на Apple.
Извор: Wired.com