Фото: Shutterstock.com

Два од најпознатите извори на тема Apple го најавуваат влезот на компанијата на „пазарот“ на генеративна вештачка интелигенција. Реално тоа може да се очекува идната година, најверојатно со наредната генерација од оперативните системи како iOS и macOS.

Марк Гурман, во неговиот неделен билтен, истакнува дека Apple биле затекнати од „ненадејната“ популаризација на ChatGPT, веднаш потоа и новиот Bing, како и Bard од Google, а тука е и новата верзија од Alexa на Amazon.  

Во компанијата веќе е формиран тим кој работи на развојот на веќе достапниот голем јазичен модел, а се очекува инвестиција од 1 милијарда долари годишно за оваа цел.

Се очекува дека наредната година Siri ќе добие доста нови можности помогната од ВИ, а нејзина имплементација може да се очекува и во апликациите како Pages, Music, Messages, Xcode и слични.

Дел од тимот кој работи на развојот се Џон Гианандреа, Крег Федериги и Еди Кју.

Минг-чи Куо од друга страна најавува дека Apple планираат да купат 2000 до 3000 сервери до крајот на годината, а таа бројка треба да достигне и до 20.000 идната година.

Од компанијата планираат да купат „суперкомпјутер“ од Nvidia, а за тоа би инвестирале скоро 5 милијарди долари.

Поради желбата да се задржи приватноста на корисниците, се очекува дека дел од функциите на вештачката интелигенција би биле достапни локално на самиот уред, а за тие кои бараат поголема моќ, ќе се користат серверите од компанијата.  

Иако ова се нарекува доцнење од страна на Apple, може да се каже дека од компанијата се познати по тоа. Пазарот често нешто воведува, па Apple подоцна излегува со сопствено подобро решение.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2Bloomberg
Претходна статијаSamsung Galaxy Tab A9 и Galaxy Tab A9+: Забава и продуктивност за секого
Следна статијаInstagram доби поддршка за промена на иконата во боите од позадината
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.