Според неофицијални информации од аналитичарот Ананда Баруа од Loop Capital, Apple ќе започне со купување на чипови од Nvidia за потребите за нивните големи јазични модели, односно генеративната вештачка интелигенција.
За тоа компанијата наводно ќе потроши околу 1 милијарда долари, а се планира купување на 250 Nvidia NVL72 сервери кои се составени од 36 процесори и 72 графички процесори.
Очекувањата се дека од компанијата планираат да ги засилат напорите за развој на сопствени големи јазични модели со што ќе можат да им конкурираат на OpenAI, Google, Microsoft и останатите.
Иако засега нема подетални информации, набавката на овие чипови се верува дека ќе се користи само за тренирање на јазичните модели, а за корисниците останува користењето на чиповите од компанијата.
Од Apple направија голема промоција на нивните сервери кои треба да им овозможат на корисниците приватност секогаш кога јазичните модели на самиот уред не се доволни за извршување на одредени барање. Затоа не се очекува дека од компанијата ќе го откажат нивното користење, а посебно од кога тврдеа дека со тие чипови тие можат да ја гарантираат приватноста.