Фото: Shutterstock.com

Apple и покрај тоа што направи договор со Google за користење на Gemini јазичните модели во новата верзија од Siri, од компанијата планираат дополнително отворање на нивниот асистент. 

Според информациите кои ги објави Марк Гурман, од негови извори, Apple планира да им дозволи на корисниците да изберат интеграција на Siri со некој од конкурентните асистенти со вештачка интелигенција. 

Сега Siri има интеграција со ChatGPT, односно корисниците можат да изберат одговорот да го добијат преку асистентот од OpenAI. 

Новата интеграција изгледа ќе биде и нешто поголема, односно корисниците ќе можат да бираат за кои активности да го користат избраниот асистент цело време.

За таа цел Apple планира да додаде нов дел во App Store преку кој ќе можат да се додаваат овие „екстензии“ за Siri, со што треба значително да се подобри функционалноста. Корисниците ќе можат да избераат интеграција на Siri со Claude, Gemini, ChatGPT и другите, а ќе видиме како тоа ќе го решат од компанијата.

Интеграцијата е планирана за целосната нова верзија од Siri, кој изгледа ќе биде достапна и како посебна апликација преку која ќе може да се користи како „четбот“. 

Оваа нова верзија ќе дојде со iOS 27 и другите, а треба да биде презентирана на 8 јуни во рамките на WWDC 2026 конференцијата.