Фото: Shutterstock.com

Како што се ближи WWDC од Apple, се повеќе можеме да прочитаме за да како и секогаш, точно знаеме што да очекуваме од настанот. Оваа конференција во главно ќе „се врти“ околу генеративната вештачка интелигенција која со мало доцнење доаѓа и за корисниците на Apple.

Од тоа што досега го знаеме, Apple ќе гледа да воведе корисни ВИ функции кои корисниците би сакале да ги користат, а тие би функционирале локално од уредот, но и преку новите сервери од компанијата, како и преку соработката на Apple со OpenAI.

Според најновите информации од Марк Гурман, дел од новите функции со ВИ изгледа ќе функционираат само на најдобрите модели од Apple моментално, односно на iPhone 15 Pro и 15 Pro Max. Причината за ова секако е A17 Pro чипот на кој работат овие уреди, а на нив треба да се додадат и iPad и MacBook уредите кои работат на М1 и понов.

Секако, наредната генерација од iPhone уредите исто така ќе ги добие сите ВИ функции, а не би изненадило тие да имаат и по некоја која ќе им биде ексклузивно достапна само на нив.

Дополнително, Марк Гурман најавува и целосна преработка на Siri со генеративна вештачка интелигенција како основа. Со ова Siri треба конечно да стане асистентот којшто од Apple се надеваа дека ќе биде од почеток.

Новиот Siri ќе овозможи контролирање на апликациите со гласовни команди, па корисниците ќе можат да прават работи како сликање, па споделување на сликата, бришење на пораки, сумирање на статии и многу повеќе.

Според информациите, понатаму Siri ќе може да прифати две команди одеднаш, односно корисниците ќе можат да побараат да се направи слика и таа да биде споделена, се во една команда.

Новините кај Siri, иако треба да бидат презентирани на WWDC, се очекува дека ќе бидат пуштени идната година со некоја од надградбите на iOS 18.

ИЗВОР9to5Mac
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаВистинска инспирација за новата генерација на втората конференција „Чувари на мудроста“
Следна статијаВработени од „Макпетрол“ волонтираа на настанот „Повторно заедно“ за кревање свест за аутизмот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.