Со објавата на Twitter, „Го најавувам формирањето на xAI за да ја разбере реалноста“, Елон Маск го најави неговиот најнов „проект“. За постоењето на оваа нова компанија на Маск можеше да се прочита изминатите месеци, а сега истата е и официјално претставена.
Засега нема многу информации за што е тоа на кое ќе работи xAI, a повеќе ќе може да се дознае на Twitter Spaces во текот на утрешниот ден.
На страната од xAI се наброени повеќе имиња кои се дел од новата компанија, а дел од нив имаат работено во познати компании поврзани со вештачка интелигенција, како што се DeepMind, OpenAI, Google Research, Microsoct Research, како и Tesla и други.
На чело на компанијата ќе биде Елон Маск, кој веќе има искуство во овој дел од бизнисот, односно тој беше еден од основачите на сега познатата OpenAI, но ја напушти во 2018 поради можниот конфликт на интереси и сличната работа во Tesla.