Google го претстави нивниот одговор на новиот Bing во март оваа година во форма на Bard. Овој „чет бот“ минатиот месец ја доби својата втора и подобрена верзија, направена на основа на PaLM 2 јазичниот модел.

За Google се истакнува повеќе пати дека се затекнати од „наглата“ појава на ChatGPT, чија што технологија оваа година беше интегрирана во Bing, а подоцна и во скоро сите производи од Microsoft. Google поради тоа се добива впечаток дека брзаат, а не е дека тоа не може да се каже и за Microsoft.

Bard беше пуштен во ограничен број на земји, а тоа сигурно го имате забележано доколку се имате обидено да пристапите до страната од нашата земја. Плановите на Google да го пушти Bard во повеќе земји, поточно во Европа, сепак изгледа ќе бидат одложени.

Причината за тоа се строгите закони за приватност во Европската Унија, односно познатиот GDPR. Google ги нема дадено сите потребни информации за да од Унијата можат да ја дадат дозволата, а GDPR бара не така мала количина на документи.

Годинава ја гледаме трката помеѓу неколку компании да што побрзо ја направат нивната интеграција со генеративната вештачка интелигенција и јазичните модели. Иако оваа технологија нуди доста предности, брзањето доаѓа со одредени проблеми, па добро е што не сите се дел од оваа „манија“, како на пример Apple.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаHERE ја картографира Македонија во 3D
Следна статијаSteam на десктоп доби поголем редизајн и преработка на целата апликација
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.