Фото: Google

Google ја претстави групата на јазични модели под Gemini 2.0 јазичниот модел во декември минатата година. Корисниците можеа да го пробаат овој јазичен модел преку веб и апликацијата, а сега истиот станува и главниот кој им е достапен на сите корисници. 

При користењето на Gemini, без разлика дали преку веб или мобилните апликации, сега Gemini 2.0 Flash е стандардниот јазик кој е избран, наместо Gemini 1.5 Flash. Со оваа промена корисниците веќе не мора да го менуваат јазичниот модел секогаш кога го користат овој „четбот“. 

Од Google објавија дека Gemini 2.0 им станува достапен на сите корисници, а тоа значи и дека програмерите можат официјално да почнат да го користат и преку достапните алатки и преку Google AI Studio и Vertex AI. 

Дополнително, Google го пушта за програмерите и Gemini 2.0 Flash-Lite јазичниот модел кој може да се каже дека треба да е способен да им конкурира на кинеските модели кои станаа популарни изминатиот период. 

Корисниците на Gemini ќе можат да го пробаат и Gemini 2.0 Flash Thinking јазичниот модел, па може да се каже дека Google дефинитивно поставува сериозна конкуренција на пазарот. 

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаПрвиот чекор кон квантно-безбедна иднина со Samsung Knox
Следна статијаChatGPT search им стана достапен и на корисниците кои не се најавени со OpenAI сметка
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.