Фото: Shutterstock.com

Директорот на OpenAI Сем Алтман, во рамки на семинар во Stanford University, разговараше за иднината на компанијата, поточно главниот производ на кој работат, вештачката интелигенција и GPT големиот јазичен модел. 

Алтман беше доста актуелен минатата година по краткото губење на позицијата во компанијата од се’ уште непознати причини, а Елон Маск дури најави тужба против него за менување на правецот на компанијата. 

Според Алтман, во иднина можеме да очекуваме многу поспособни јазични модели, а GPT-5 ќе биде многу поспособен од сегашниот GPT-4. 

Ова може да звучи чудно за корисниците кои ретко го користат ChatGPT, а ја имаат видено моќта и што се’ е возможно, па можеме само да замислиме што се’ ќе може да се очекува во иднина. 

Алтман за да покаже колку голем напредок се очекува уште со наредната верзија, истакнува дека GPT-4 е најглупиот јазичен модел кој корисниците би го користеле во иднина и тоа за многу. 

Ваквите најави не изненадуваат, генеративната вештачка интелигенција и големите јазични модели пред само две години дојдоа до нивото на кое се сега, па напредокот е очекувано да е доста голем до тек на време. 

Крајната цел на Алтман и OpenAI e постигнување на ниво на генерална вештачка интелигенција, нешто што доста го критикуваат и го сметаат дури за ризично. Ова е ниво кога вештачката интелигенција би требало да ги разбира работите на ниво на луѓето, а со тоа да може да учи и самата да напредува.