Со пуштањето на Chrome 115 оваа недела, Google и официјално ќе започне со пуштањето на Privacy Sandbox, замената од компанијата за колачињата кои се користат за следење на корисниците, покрај нивната основа функција.
Privacy Sandbox беше најавена уште пред неколку години, а сегашната верзија беше најавена во 2020 по критиките на првата верзија. Во основа, корисниците ќе продолжат да добиваат реклами врз основа на страните кои ги отвораат, само што сега тие нема да бидат директно следени. Нивните интереси ќе се ставаат во неколку групи, па огласувачите ќе имаат пристап до тие групи, односно категории.
Овој начин треба да овозможи да продолжи да функционира рекламирањето со таргетирање, но со многу поголема приватност за корисниците, нешто што се критикува изминатите години, а не може да се каже дека баш најдобро се решава.
Планот на Google е да почне да ја вклучува Privacy Sandbox функцијата од идната недела, односно од 24 јули, по што би била вклучена кај 35% од корисниците. До средината на август истата треба да биде пуштена за 99% од корисниците.
Со оглед на тоа што Google започна со пуштање на оваа нова функција, треба да се решени главните проблеми кои ги имаа организациите за приватност на корисниците.