Според информации кои ги објавија од The Information, Meta конечно се имаат решено да почнат со развој на посебна верзија од Instagram апликацијата прилагодена за iPad.
Ова е нешто што корисниците одамна го бараат, а од компанијата упорно го одбиваат. Адам Мосери, главниот на Instagram, изјави во 2022 година дека од компанијата сѐ уште не планираат посебна верзија од апликацијата за iPad, а сличен став повторни и наредната година.
Сега, според информациите, од компанијата изгледа сакаат да ја искористат ситуацијата со TikTok, како и царинската војна која ја започна Трамп со Кина, како и повеќето други земји во светот.
Instagram моментално може да се инсталира на iPad, но се работи за верзијата наменета за iPhone. Тоа значи дека корисниците ја добиваат мобилната верзија, само дупло зголемена за поголемиот екран на iPad и иако тоа не е толку лошо, сепак не може да се спореди со изворна апликација.
Информациите не најавуваат кога може да се очекува пуштањето на оваа апликација, а ќе почекаме да видиме дали воопшто и ќе биде пуштена. Со оглед на годините на одбивање да се пушти посебна верзија од Instagram за iPad, не би ме изненадило да информациите не се точни или од компанијата да го прекинат развојот.