
Можеби голем дел од корисници и не ни знаат дека Messenger се’ уште ја има можноста апликацијата да се користи и за SMS комуникација. Оваа функција беше првпат додадена во 2012, но откажана наредната година, за да повторно биде вратена во 2016.
Идејата зад додавањето на ваква можност во Messenger е едноставна, корисниците да ја користат оваа апликација за нивната целосна комуникација, а со тоа се зголемуваат шансите за користење на сервисот.
Од компанијата сега најавија дека можноста за комуникација со SMS пораки веќе нема да ја има, а промената ќе започне од 28 септември, односно со верзијата од апликацијата која ќе биде пуштена на тој ден.
Според нас корисниците и нема зошто да ја користат оваа апликација за SMS. Messages од Google или истоимената апликација од Samsung, сега доаѓаат со поддршка за RCS протоколот, со што овие апликации покрај SMS комуникацијата, овозможуваат корисниците да комуницираат на модерен начин кога се користи интернет конекција, односно Android корисниците сега имаат своја „верзија“ од iMessages сервисот на Apple.
Оваа промена се однесува само за корисниците на Android, а на iOS можноста никогаш и не беше достапна.
Корисниците на Android кога ќе се префрлат на друга апликација за SMS, ќе ги имаат сите пораки кои досега ги испратиле преку Messenger.