По пуштањето на Microsoft Copilot апликацијата за корисниците на Android при крајот од минатиот месец, сега истата им е достапна и на корисниците на iOS, како и iPadOS, а оваа верзија може да се инсталира и на macOS.
Апликацијата е иста како на Android, односно корисничкиот интерфејс на апликациите е ист со веб верзијата. Корисниците досега можеа да пристапат до алатката со вештачка интелигенција од Microsoft преку Bing апликацијата, но со ребрендирањето во Copilot, сега истата очекувано е достапна посебно.
Microsoft Copilot на корисниците им донесува пристап до GPT-4 бесплатно, нешто што е достапно за корисниците кои плаќаат за користењето на ChatGPT од OpenAI.
Инаку, оваа апликација преку генеративна вештачка интелигенција и големи јазични модели може да го разбере корисникот што е тоа што го прашува и со тоа да овозможи разговор како со обичен човек. Со тоа корисниците можат многу подобри да истражуваат работи на интернет, наместо самите да ги бараат и читаат веб страните поврзани со темата.
Покрај ова, Copilot е одличен за генерирање на текст, слики, како и код, па корисниците можат да го користат за многу повеќе од само пребарување на одредени теми.
Апликацијата е достапна преку App Store и може да се симне од овој линк.