Фото: Shutterstock.com

Изгледа крајот на Skype конечно доаѓа, а од Microsoft веќе еднаш се обидоа да го направат истото, но популарноста на ваквите апликации за време на „корона кризата“ го одложи згаснувањето на апликацијата. 

Според информациите, Skype ќе престане да функционира од мај оваа година, а корисниците очекувано ќе бидат насочени кон Microsoft Teams апликацијата која има е верзија наменета за обичните корисници. 

Ова е откриено преку дел од кодот на Skype за Windows, а го објавуваат како информација од страна на XDA-Developers. Во информацијата се очекува и да се истакнат пријателите на корисникот кои веќе се на Microsoft Teams. 

Не е познато колку од овие корисници би сакале да се префрлат на Teams, но затоа има доста подобри алтернативи. 

Skype едно време беше можеби и најпопуларната апликација за разговори, а посебно за аудио и видео разговори. Microsoft ја купи во 2011 година, а во годините се обиде да ја интегрира во Windows во различни форми. 

По 2021 апликацијата доби и редизајн со што и беше продолжен векот, но јасно беше дека тоа не беше нешто долгорочно. 

Засега нема официјални најави од компанијата, па ќе видиме дали навистина се планира згаснувањето на Skype за оваа година. 

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2XDA-Developers
Претходна статијаAnthropic го претстави Claude 3.7 Sonnet јазичниот модел кој доаѓа со можност да „размисли“ пред да одговори
Следна статијаКаСис овозможува безбедни плаќања со виртуелни картички
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.