Фото: Shutterstock.com

WhatsApp овозможува бекап на разговорите, нешто што добро се погодува доколку се изгуби пристап до телефонот или се купи нов. Ова се прави преку соодветните „cloud“ сервиси на двете платформи, односно Google Drive на Android и iCloud на iOS.

Ова не секогаш е добро решение, зошто тука се како фактор брзината на интернетот на корисникот, како и слободниот простор на сервисите за чување датотеки.

Од компанијата започнаа со тестирање на можност да разговорите се префрлат од еден на друг телефон директно, наместо преку бекап во „облакот“. Ова првично го дознавме од бета верзијата на WhatsApp за Android, а новата можност е пуштена за помал број на корисници.

Сега, исто преку WaBetaInfo, дознаваме дека оваа новина се тестира и на iOS верзијата. Ова беше очекувано, односно не гледаме причина функцијата да биде ограничена само на Android.

Како што е случајот со Android верзијата, исто и на iOS, наместо правење бекап на iCloud, корисниците можат да изберат разговорите да ги префрлат директно на друг телефон, а за истото се користи директната врска преку Wi-Fi.

Нема информација кога оваа новина може да се очекува за сите корисници, но веруваме дека тоа ќе се случи во месеците што следат.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаOneDrive за бизнисите и образовните институции доби освежен дизајн и нови функции
Следна статијаАЕТМ: Каде и колку купуваат онлајн Македонците со платежните картички во странство?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.