Фото: WhatsApp

Корисниците на macOS добиваат нова апликација од WhatsApp која е целосно редизајнирана и прилагодена за десктоп компјутерите. Оваа промена следи по пуштањето на новата апликација за Windows корисниците пред пет месеци, а истата беше редизајнирана еднаш и минатата година.

Со пуштањето на новата WhatsApp апликација и на macOS, може да се каже дека сега сервисот има унифицирано искуство низ сите платформи. Иако постојат одредени разлики, сепак апликацијата сега изгледа скоро исто на Windows и macOS, а промените донесоа и доста сличности со мобилната апликација.

Корисниците на macOS со нова нова верзија од WhatsApp за првпат добиваат можност за групни повици. Истите се овозможени за до 8 корисници за видео повиците, како и 32 корисници за аудио повиците.

Дополнително, апликацијата сега поддржува и споделување на датотеки со едноставно повлекување директно во апликацијата, а е истакнува и подобрување во делот за историја на повици.

Исто како и на другите платформи, комуникацијата преку WhatsApp се шифрирана, па теоретски до истата не може никој да пристапи, па дури ни од компанијата, односно Meta.

Апликацијата ќе биде достапна преку App Store на macOS наскоро, а моментално може да се симне преку whatsapp.com.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2WhatsApp
Претходна статијаНови најави за враќање на Exynos чипот кај европските Galaxy S24 модели
Следна статијаМВР ќе анализира траги од пукање со најсовремен микроскоп набавен од УНДП
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.