Сопствениците на Tesla автомобил, овој месец добија надградба на софтверот која што го вклучуваше сега веќе познатиот автопилот систем. Овој систем, кој што се’ уште е во бета, е направен со цел да ја подобри безбедноста на автомобилот, следејќи ги останатите објекти во сообраќајот, патиштата, лентите и слично. Исто така, тој може и целосно да ја преземе контролата на автомобилот, па станува еден вид на понапреден темпомат.

Од видеата кои што почнаа да излегуваат на интернет можевме да видиме како овој систем функционира, а исто така и зошто ја носи бета ознаката. Не ретко настанатите проблеми беа и од не целосно разбирање на системот од страна на возачите, меѓутоа тоа е секогаш очекуван фактор.

Елон Маск преку својот Twitter профил најави дека овој систем ги добил сите потребни лиценци за да може да се користи и во остатокот во светот, не само во САД. Системот не бил одобрен само во Јапонија, меѓутоа се разбира до компанијата ќе работат на тој случај.

Маск исто така ја најави и наредната верзија од системот, поточно 1.01, која што треба да донесе подобрувања на сите аспекти во возењето.