Уште една вест поврзана со Facebook и „непланиран“пристап до одредени информации за корисниците. Ова мислам дека веќе никого не изненадува, па се прифаќа како нормална вест. Единствено што не интересира е сериозноста на проблемот и дали сме и ние како корисници засегнати.

Поточно, како што и самите Facebook објавија на нивната страна, „баг“ во системот за најавување и API алатката која овозможува пристап до сликите на корисниците, има овозможено да апликациите кои добиваат пристап до сликите, добијат пристап и до слики до кои не треба да е можно добивање пристап.

Пример за вакви слики, односно слики до кои не треба да се добие пристап, се сликите кои корисниците ги објавуваат како Story и сликите кои ги имаат прикачено на мрежата, меѓутоа ги немаат објавено. Facebook вторите сликите ги чува до три дена, за во случај да корисниците се решат да ги објават.

Проблемот се има појавено од 13 до 25 септември оваа година, по што од Facebook го имаат откриено и „затворено“.

Да биде јасно, не се работи за пристап до сликите од страна на хакери. Се работи за пристап од страна на апликации кои вие самите како корисник ги користите и им дозволувате пристап до вашите слики. Проблемот е што овозможувајќи пристап до вашите слики, имате дадено и пристап до сликите кои не е планирано да можат да бидат пристапени.

Од компанијата истакнуваат дека веќе работат со програмерите, кои се дури 876 на број, кои имаат направено 1.500 апликации кои добиле пристап до сликите. Бројот на корисници кои е засегнат со овој проблем и не е така голем во споредба сопретходните ситуации, па овој пат бројката изнесува „само“ 6,8 милиони корисници.

Како и секогаш во вакви ситуации, има начин да проверите дали користите некоја апликација која има добиено пристап до вашите „приватни“ слики. Тоа може да го направите со одење на овој линк, а Facebook ќе ве извести во деновите што следат доколку самите веќе немате проверено.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНеколку трејлери за филмови и серии што ќе ги гледаме во 2019
Следна статијаПет алатки од EFF за ваша заштита на приватноста онлајн
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.