360 in News Feed

Како се ближи периодот кога сетовите за виртуелна реалност ќе бидат се помасовно користени, така и видеата снимени во 360 степен поглед ќе стануваат се попопуларни. Може да се каже и дека овие видеа кои се веќе достапни во доволен број, полека не припремаат за овие уреди, а дефинитивно работат на зголемување на нашата желба за ваква содржина.

Facebook на почетокот од годината најави дека ќе воведе поддршка за овие видеа на својата мрежа, па истото го оствари оваа недела. Корисниците ќе можат да прегледуваат 360 степени видеа преку веб страната на Facebook, како и апликацијата на Android, а понатака и на iOS.

Како и на било која друга платформа, видеата кои што овозможуваат поглед од 360 степени се гледаат со поместување на перспективата на гледање на содржината со глувчето, со што се овозможува гледање во било кој правец. На мобилен ова искуство е уште поинтересно поради можноста за поместување на уредот за промена на перспективата.

За снимање на вакви видеа потребно е снимање на сите можни правци на сцената, а истото се прави со посебно направени уреди со повеќе камери, како на пример овoj.

Корисниците ќе добијат можност да прикачуваат вакви видеа во периодот што следи, а моментално таа шанса им е дадена на „нешто попознатите“ студија како Disney, Discovery, GoPro, LeBron James & Uninterrupted, NBC’s Saturday Night Live и VICE.

Извор: Facebook

Претходна статијаDell претстави нови професионални таблет/лаптоп уреди
Следна статијаMeizu Pro 5 има Samsung Exynos чип, целосно метална изработка
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.