original-2038-1437000185-11

Со оглед на огромниот број на корисници кои што секојдневно поминуваат голем дел од времето на оваа социјална мрежа, не е воопшто чудно што не ретко можеме да прочитаме за нејзино проширување. Сепак, тоа е и една од причините за голема популарност на мрежата која што никогаш не стои во место.

Една од работите на која што работат од Facebook овој период е дигитална продавница за страните која што ќе им овозможи на корисниците купување на производи директно од страната.

Воопшто размислувањето за воведување на продавница го покажува се поголемото влијание кое што го имаат социјалните мрежи, а корисниците се повеќе ја читаат содржината од нив, наместо директно од веб страните. Тогаш логично се поставува прашањето, зошто корисниците не би сакале и купувањето на производи да го прават преку Facebook кога веќе скоро се прават преку социјалната мрежа.

Сопствениците на страни ќе имаат можност да ги продаваат своите производи и преку нивната Facebook страна, за што ќе биде додадено ново копче. Facebook веќе работи со парите на корисниците, па ова нема да биде нешто ново од аспект на заднинската функционалност.

Во овој период, функцијата се тестира со ограничен број на корисници, па се’ уште нема информација кога истата ќе биде пуштена, како и дали ќе им биде овозможена на корисниците во целиот свет.

Овозможувањето на Facebook за креирање на дигитална продавница може да им овозможи на доста продавници кои што ги продаваат своите производи само во физичките продавници, за првпат да почнат тоа да го прават онлајн.

Дигиталната продавница би била достапна и на веб страната од мрежата, како и преку мобилните апликации. Производите би биле прикажани на начин сличен како што тоа сега се прави за сликите, па би било задржано познатото корисничко искуство.

Извор: TNW, BuzzFeed

Претходна статијаLumos – велосипедска кацига која ќе ја надгради вашата безбедност на патиштата
Следна статијаНаучниците докажаа дека различни луѓе стареат со различна брзина
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.