GKPNLCUczvU

Се работи за тестирање на функција на ограничен број на корисници, моментално од САД. Од Facebook ја имаат потврдено информацијата, меѓутоа не е познато дали и кога оваа можност би станала достапна за сите корисници.

Функцијата вклучува можност за пребарување на огромниот број на линкови споделени на социјалната мрежа. Facebook врши индексирање на овие линкови со цел корисниците да можат да ги пребаруваат.

Тоа значи дека кога сакате да споделите некој линк, нема да мора да го барате истиот за да го ставите во делот за објава. Со новата функција се што треба е да почнете да внесувате клучни зборови, па предлози ќе почнат да се појавуваат од достапните линкови на мрежата.

Со други зборови, ова претставува директна конкуренција на Google, во правец на стратегијата на Facebook корисниците што поретко да ја напуштаат страната на социјалната мрежа. Пребарувањето на одредени статии, видеа и слични линкови, наместо корисниците да го прават преку Google, сега ќе можат да го прават преку Facebook, се разбира под услов линкот да бил споделен на мрежата.

facebook-add-a-link

Оваа функција најверојатно ќе биде наменета за мобилните верзии од Facebook, каде што и е потребно повеќе време за пронаоѓање и споделување на одреден линк.

Пребарувањето на линковите ќе биде додадено на самиот дел за споделување на новости, поточно како копче до другите за слики и слични објави.

Корисниците исто така ќе имаат можност и за проверка на содржината од линкот пред истиот да го вклучат во нивната објава.

Извор: TechCrunch

Претходна статијаBitTorrent ја претстави официјалната верзија од својата P2P апликација за пораки Bleep
Следна статијаПовеќе од 20 предлози се натпреваруваа за најдобрата Златен Даб апликација
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.