Print

Facebook оваа недела претстави уште една апликација наменета за зајакнување на релевантноста на мрежата кога се во прашање новостите. Наречена Notify, можевме да прочитаме за истата минатиот месец, па сега станува официјално достапна само за корисниците на iOS во САД.

Notify функционира преку избирање на извори на информации кои што можат да бидат избрани од повеќе категории. Врз основа на избраните извори, корисниците можат да креираат таканаречени станици од кои што ќе добиваат редовни известувања, односно нотификации, а од таму и очигледното име на апликацијата.

Notify - Pairing 1

Пример за станици кои што корисниците можат да ги изберат вклучуваат станици како Крајни резултати од Fox Sports, станица која што ги прикажува резултатите од натпреварите кои што ги прикажуваат. Исто така, пример би можела да биде станица од Смартпортал, преку која што корисниците би биле известувани за најчитаните статии во текот на денот.

Известувањата за новостите апликацијата ги прикажува директно на заклучениот екран, а корисниците можат да ги видат секоја од нив посебно. Исто така, известувањата може да бидат споделени, како на социјалната мрежа, така и преку email и слично.

Од самиот почеток повеќе издавачи се имаат приклучено да бидат дел од изворите, а некои од нив ги вклучуваат ABC, Billboard, CNN, The Weather Channel, BuzzFeed, Comedy Central, E!, Groupon и повеќе.

Извор: Facebook, The Verge

Претходна статијаAndroid Wear доби поддршка за мобилни мрежи – Ќе гледаме повеќе часовници / телефони
Следна статијаBlackBerry спрема уште еден Android телефон
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.