Изминатата недела Facebook воведе две новини за корисниците од целиот свет. Тие како и обично треба да го подобрат корисничкото искуство, односно да им овозможат на корисниците подобро да се изразат преку социјалната мрежа.
Првата новина, достапна од минатата недела е можноста за ставање на видео како коментар на објавите од пријателите, страните, но и групите. Можноста да се стави слика како коментар беше воведена пред одреден период и истата сега е збогатена со можноста за видео.
За прикачување на видео како коментар треба да се притисне на иконата од камера, истата икона која се користеше за прикачување на слика, се разбира во делот за коментари. Корисниците сега ќе им биде овозможен избор, дали да прикачат слика или видео.
Покрај оваа новина, Facebook додаде поддршка за прикачување на панорамски слики, односно 360 степени слики, како и било која друга слика. Тие ќе може да се гледаат како на обичен уред, така и преку VR уредите, како Samsung Gear VR.
Гледањето на панорамските слики се прави исто како и за таквите видеа, односно корисникот може да ја движи перспективата на сликата со прстот, односно глувчето.
Правењето на панорамски слики може да се направи со специјалните 360 степени камери, но и со скоро секој мобилен телефон преку посебна апликација, доколку вградената ја нема таа поддршка.
Извор: Facebook, The Verge, Facebook 2, TNW