NotifyAFewFriendsAboutThisPost

Доколку објавите нешто на Facebook и сакате да бидете сигурни дека некој конкретно од вашите пријатели ќе го види тоа, најдобар начин е да го тагнете пријателот во самата објава, односно да го внесете неговото име.

Ова е брз и едноставен начин за привлекување на вниманието на конкретен пријател, меѓутоа можеби во одредени ситуации не е баш најдобро за пријателот кого го имате тагнато.

Проблемот настанува кога тоа што го објавувате на Facebook, не е нешто што вашиот пријател би сакал да се прикажува и на неговиот профил, а тоа се случува кога ќе го ставите и неговото име.

Facebook овозможува во прилагодувањата за приватност ништо да не се појави на профилот од корисникот без негова дозвола, меѓутоа можеби не е мал бројот на луѓе кои не ја користат оваа можност.

Од социјалната мрежа почнаа со тестирање на нов начин за известување на пријателите кога објавувате нешто интересно што би сакале да го видат, меѓутоа без потреба од внесување на нивото име.

Се работи за дополнителна опција која ќе овозможи директно да известите одредени пријатели за вашата објава, меѓутоа без истата да се појави и на нивните профили. Тие само ќе добијат известување, ќе ја видат објавата и најнормално ќе можат да ја лајкнат и слично.

За таа цел од Facebook кај одредена бројка на корисници ја тестира оваа можност, па ќе видиме дали истата ќе биде овозможена за сите.

Доколку тоа биде случајот, новата можност ќе може да се препознае по иконата на мегафон и текстот кој гласи „Известете неколку пријатели за оваа објава“.

Извор: TechCrunch, SocialTimes

Претходна статијаФлексибилните смартфони на Samsung пристигнуваат на почетокот од 2017?
Следна статијаКако да се заштитите од хакерски напади во Word датотеките со Макро акции?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.