Изминатите неколку недели, не ретко можеме да прочитаме нешто ново од најголемата социјална мрежа, Facebook. Оваа недела тие продолжуваат со новостите, па претставија нова апликација наменета за споделување на видеа со пријателите.
Апликацијата е достапна за корисниците на Android и iOS и е наречена Riff. Начинот на работа со апликацијата е едноставен. Се најавувате со вашата Facebook сметка и снимате видео кое што е ограничено на 20 секунди. Тоа видео е достапно за вашите пријатели кои што ја имаат апликацијата, а можете да го споделите и на Facebook или на било кое друго место. За видеото одредувате одредени ознаки зависно од неговата тема.
Она што ја прави оваа апликација прилично посебна е идејата да вашите пријатели снимат свое видео и го прикачат како дел од вашето, односно како еден вид на одговор. По додавањето на видео од вашите пријатели со истата ознака, нивните пријатели можат да го видат истото, а идејата е кругот на луѓе се повеќе и повеќе да се шири.
Пример за една серија од видеа направена од страна на Facebook можете да видите преку следниот линк. Апликацијата можете да ја симнете преку продавниците за апликации на Android и iOS.
Извор: Facebook