WP_20150915_16_10_40_Pro

Google Chrome оваа година доби една навистина корисна функција, а тоа е можноста за веб страните да прикажуваат нотификации преку овој прелистувач. Можноста до тогаш беше достапна само за посебни Chrome апликации направени во HTML5, JavaScript и CSS, на кои што им беше дозволено да се „однесуваат“ како стандардни апликации за оперативниот систем и со тоа да се поврзат со системот за нотификации.

Facebook од оваа недела ја искористува оваа можност и започна да им нуди можност на корисниците на Android да добиваат нотификации од мобилната верзија од социјалната мрежа. Ова сега за сега е достапно преку Chrome прелистувачот на Android, меѓутоа и Firefox ќе се приклучи во некоја од наредните верзии.

Ова со други зборови значи дека корисниците веќе нема да мора да ја имаат инсталирано Facebook апликацијата за да можат да бидат во тек со нотификациите.

Сигурно се прашувате зошто некој би сакал да ги добива нотификациите од веб страната, кога апликацијата за Android е одлично направена и популарна кај корисниците.

Во главно ова е наменето за корисниците со послаби телефони, најчесто од земјите во развој. Иако тие сега ја имаат и Lite верзијата од апликацијата, често се одлучуваат социјалната мрежа да ја користат од веб прелистувач.

Статистиките на Facebook покажуваат голем број на посети од m.faceboom.com, па воведувањето на нотификациите ќе значи и поголема посетеност од страна на овие корисници, нешто што веќе почнало да се случува.

Исто така, има одреден број на корисници кои што едноставно не сакаат да ја инсталираат апликацијата, без разлика од која причина. Можноста да сепак бидат известени за одредени работи од мрежата, може да биде добар компромис за нив.

Извор: TechCrunch, Engadget

Претходна статијаЕлон Маск предлага употреба на нуклеарки за побрзо прилагодување на Марс за живот
Следна статијаПротечени спецификациите за Samsung Galaxy S7!
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.