g+icon

Во обидот да го поттикне не толку големиот развој на Google+ социјалната мрежа, Google пред одреден период направи сметката од мрежата да мора да се користи на доста од сервисите од компанијата.

Еден таков пример е YouTube каде што за да можете да коментирате на видеата, мора да се најавите со вашата Google+ сметка.

Тоа сигурно направи да се зголеми бројката на корисници на Google+, меѓутоа тоа ништо не значи доколку корисниците само ја креираат сметката и потоа не ја користат мрежата.

Google очигледно конечно прифати дека Google+ нема да може да се пробие и да биде барем трето место после Facebook и Twitter. Покрај големиот број на корисници, едноставно социјалната мрежа не успеа да постигне доволно голема бројка за да биде наречена успешна.

Поради тоа Google веќе почна да го намалува „притисокот“ за користење на мрежата, па корисниците кои што ќе креираат Google сметка, веќе не мора да креираат и Google+ сметка, тука е и Google Photos апликацијата која што се издвои од Google+, а следуваат и дополнителни промени.

Се што ќе им треба на корисниците да ги користат сервисите од Google, ќе биде нивната Google сметка и ништо повеќе. Корисниците на YouTube веќе нема да мора да имаат Google+ сметка за да можат да коментираат, како и да креираат канали и слично.

Промената ќе биде направена во месеците што следат, а на корисниците ќе им биде овозможено да го исклучат поврзувањето на нивната сметка со Google+ сметката. Од Google нагласуваат корисниците да не ја направат промената додека не биде официјално воведена, поради што ќе ги изгубат сите коментари, канали и видеа.

Што се однесува до Google+ мрежата, таа ќе продолжи да постои и да функционира. Сепак не е мала бројката на корисници кои што ја преферираат оваа мрежа, па истата ќе можат да продолжат да ја користат.

Google+ ќе продолжи да функционира повеќе како мрежа базирана на интереси, како што истакнуваат од Google. Тоа значи дека Google веќе нема да се обидува директно да им конкурира на другите социјални мрежи, туку да ја издвои својата за следење на одредени интереси, нешто за кое што можеби и се покажа како добра.

Извор: Google, YouTube, VB, The Verge

Претходна статијаГлобалната трка на вооружување во ВИ секторот многу опасна, предупредуваат водечки мислители и научници
Следна статијаLava Pixel V1 е најубавиот Android One телефон досега
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.