google-logo

Главниот извор на средства на Google доаѓа од нивната мрежа за рекламирање наречена AdWords. Огласувачите преку оваа мрежа можат да ја постават својата реклама на огромен број на веб страни, дел во сопственост на Google, а исто така голем број на веб страни кои што го поставуваат системот на Google.

Од Google оваа недела ги известија огласувачите дека веќе нема да дозволуваат реклами за веб страни со сексуална содржина, односно со други зборови кажано, на нивната мрежа веќе нема да можат да се рекламираат порнографските веб страни. Оваа одлука е интересна поради фактот што не е познато колкав процент од приходите може да се препише на овие огласувачи, а познато е дека бројот и популарноста на таквите веб страни е огромна во целиот свет.

Во изминатата четвртина Google имаат остварено 13,8 милијарди долари како приходи од реклами, што изнесува 90% од приходите на компанијата. Колкав дел од оваа сума припаѓа на рекламите за порнографските веб страни, од компанијата одбиваат да ја дадат таа информација.

Извор: Cnet, Wired

Претходна статијаSamsung ќе го прекине производството на Plasma TV до крајот на годината
Следна статијаНова реклама од Samsung, ги исмејува корисниците на iPhone за нивната слаба батерија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.