google-domains

Google го претстави својот најнов сервис наречен Google Domains со кој што влегува во бизнисот на регистрирање на домени. Тоа значи дека корисниците ќе можат да го регистрираат нивниот домен, односно нивната веб адреса, преку Google. Моментално еден од најголемите регистрари е компанијата GoDaddy, која што исто така е и меѓу најголемите хостинг провајдери. Google нема да нуди хостинг услуги, односно корисниците за тоа ќе бидат препратени до некои други компании. Моментално сервисот е во тест фаза, па можат да го користат само тие што ќе бидат поканети.

Од Google најавуваат дека кај нив ќе можат да се регистрираат покрај стандардните .com и слични домени и голем број на домени кои што треба да станат достапни во периодот што следи. Доколку не сте целосно запознаени, за да можете да ја поставите вашата веб страна на интернет потребно е да регистрирате веб адреса, како што е smartportal.mk, а тоа се прави преку компании кои што ја нудат таа услуга. Овие компании не мора да нудат хостирање на веб страната, односно поставување на страната на сервер, како и DNS сервери.

Google Domains на корисниците ќе им ги понуди следните можности:

  • Приватно регистрирање со заштита од прикажување на Whois страните
  • Бесплатно препраќање на пораките пристигнати на email адресите од доменот до Gmail адреса
  • Бесплатно препраќање на доменот
  • Поддршка за до 100 под-домени

Интересна работа со овој сервис е и понудата на телефонска техничка поддршка за корисниците, нешто што е поретко кај компанијата.

Извор: Mashable, TechCrunch, Cnet

Претходна статијаYahoo Aviate официјално достапна за сите корисници
Следна статијаFacebook Slingshot достапна за сите корисници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.