По објавата на нови правила кои се наменети за заштита на помладите корисници на Instagram, доаѓа информацијата дека од компанијата планираат да направат верзија од нивниот сервис наменет за децата под 13 години кои сега немаат право да направат сопствен профил.
Оваа информација иако не е уште официјална, е потврдена од страна на директорот на Instagram во неговото интервју за BuzzFeed, од каде ексклузивно ја најавуваат ова новина.
Во оваа фаза уште нема повеќе информации за што е тоа што може да се очекува, како и кога би била пуштена оваа посебна верзија од Instagram. Единствено нешто што може да се претпостави е дека Instagram за деца би бил сервис кој е контролиран од страна на родителите, барем ако може да се земе како пример Messenger Kids апликацијата.
Целта на апликациите наменети за децата е да бидат посебно заштитени, контролирани од родителите и со поголем акцент ставен на приватноста.
Исто така, апликациите за деца обично немаат реклами, односно тие и не смеат да ја следат активноста на децата со цел да им се прикажуваат реклами.
Instagram за деца би бил наменет за деца од 6 до 12 години. Ова е и границата, 13 години, под која не смее да се креира сметка на Instagram и Facebook.
Причината поради која од Facebook се размислуваат за еден ваков чекор сигурно е големиот број на деца кои креираат профил на нивните мрежи погрешно претставувајќи ја нивната возраст. Објавата од минатата недела од Instagram имаше дел каде се најавува дека за ваквото креирање на сметки ќе почне да се користи вештачка интелигенција, но уште не е јасно како таа ќе успее да ги открие децата кои лажат за својата возраст.